Црна хроника
Украдени две црковни ѕвона тешки 140 кг
Изминатиот викенд, непознат сторител, од црквата во кочанското село Пантелеј украл две црковни ѕвона, тешки по 70 килограми, соопшти полицијата.
Во понеделник во полицијата во Кочани било пријавено дека на 20/21.01.2017 година во село Пантелеј, кочанско, непознат сторител извршил кражба во манастирот „Св.Пантелејмон“.
Сторителот влегол внатре и одзел две црковни ѕвона, изработени од месинг, од по 70кг.
Полицијата од Кочани презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.