Црна хроника
Украден кабел од влечен мотор од локомотива, од „Железници“ велат дека се работи за саботажа
Од „Железници“ соопштија дека во Одделот за одржување на влечните средства, денеска била утврдена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива.
„Во кругот на ‘ЖРСМ – Транспорт’ АД Скопје, во Одделот за одржување на влечните средства, утврдена е извршена кражба на кабел од влечен мотор од локомотива серија бр. 642 и делови и кабли од манипулатор. Поради кражбата на деловите и дополнителните оштетувања, оваа локомотива не е повеќе во возна состојба, со што ѝ е направена енормна штета на компанијата имајќи го предвид малиот број возни средства со кои располага таа.
Од таму додаваат дека кражбата е пријавена до МВР и утврдена е фактичката состојба од страна на Одделот на криминалистичка техника, со што е почната истражна постапка.
„Бидејќи кражбата е извршена во кругот на ‘ЖРСМ – Транспорт’ АД Скопје, стојат претпоставките дека оваа кражба не претставува ништо друго, туку саботажа на работењето на компанијата“, посочуваат од „Железници“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.