Топ
Украден сеф со 84.000 денари од Поштата во Миладиновци
Украден сеф со 84.000 денари од Пошта во село Мичадиновци.
„ На 14.10.2021 во 8:40 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека во текот на ноќта со употреба на сила и погоден алат било влезено во објект на АД ‘Пошта на Северна Македонија’ во с.Миладиновци и бил одземен сеф во кој имало 84.000 денари и писма“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Починато бебе: автомобилот во кој било превезувано излетал од патот помеѓу селата Босилово и Турново
Вчера, околу 12.50 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, делница помеѓу селата Босилово и Турново, патничко возило „фолксваген поло“, со струмички регистарски ознаки, управувано од 40-годишната В. Д. Т. од село Стиник, општина Ново Село, излетало од коловозот.
Од добиените повреди починало бебето што било превезувано во возилото, а смрт констатирал лекар во Медицинскиот центар Струмица.
Телесни повреди добиле В. Д. Т. и сопатничката С. Т. (49) од село Доброшинци, Струмичко.
Полицијата соопшти дека увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Топ
Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.
Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврата, ѝ се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.
А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.
Македонија
Демири со „Баланс МК“ разговараше за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за мерење на гликемијата
Министерот за здравство, д-р Илир Демири, вчера, оствари средба со претставници на Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“. На средбата разговараа за зголемување на опфатот на пациенти со инсулинска пумпа и сензори за континуирано мерење на гликемија.
„Министерството за здравство и ‘Баланс МК’ имаат успешна соработка, која продолжува и во следниот период со цел подобрување на квалитетот на живот на пациентите со дијабетес во земјата“, вели Демири.
Минатата година првпат се набавија 650 сензори за безболно мерење гликемија во крвата кај деца и млади до 18 години со дијабетес тип 1, бремени жени со дијабетес тип 1 и кај слепи лица.