Црна хроника
Украле 5.000 евра и „Ролекс“ од Турци
Непознат сторител вооружен со пиштол ограбил двајца Турци во гевгелиско Мрзенци, при што и зел часовник „Ролекс“ и 5.000 евра.
Во вторник, во 19.30 часот во село Мрзенци, гевгелиско, непознат сторител, маскиран и вооружен со пиштол, извршил разбојништво над Л.Д. (28) и А.Ц. (31) од Турција. Пред влезната врата на куќата во која како потстанари живееле Л.Д. и А.Ц. сторителот ја турнал Л.Д., по што со пиштолот го удрил А.Ц. во пределот на главата, кој паднал на земја. Потоа му одзел 5.000 евра и часовник „Ролекс“ во вредност од 7.000 евра, по што побегнал во непознат правец. Увид бил извршен.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.