Контакт

Црна хроника

Управител на фирма обвинет за злоупотреба на пари од ЕУ

Објавено пред

Управител на фирма е обвинет за злоупотреба на средства од ИПАРД-програмата на Европската Унија. Тој добил 250.000 евра од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за плаќање 50 отсто од вредноста на опрема, но тој парите ги уплаќал на фирми блиски до него, соопшти скопското Обвинителство. Лицето е осомничено за злоупотреба на службената положба и овластувањето и за измама на штета на средства на европската заедницa, а делата ги сторил во период од 2015 до 2017 година.

dobivaj vesti na viber

Обвинетиот 32-годишен штипјанец кривичното дело го извршил како управител на правното лице „Балкан екофруит“ ДОО Свети Николе, каде што содружник е и правното лице „Агропионер“ ДОО Скопје, управувано од државјанин на Саудиска Арабија.

„Употребувајќи средства спротивно од одобрената намена за која се добиени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и со искористување, пречекорување и неизвршување на своите овластувања и должности, обвинетиот му нанел штета на оштетеното правно лице во кое бил управител, и тоа во вкупен износ од 69.825.499 денари. Обвинетиот со образложение за потреба и користење средства од ИПАРД-програмата склучил договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за користење на средствата за плаќање 50 отсто од вредноста на опремата, со што добил парични средства во износ од 14.989.596 денари. Истовремено, од Стопанска банка АД Скопје за долгорочно финансирање мултивалутна кредитна рамка подигнал парични средства во износ од 1.600.000 евра. Но, наместо во согласност со договорот паричните средства од ИПАРД-програмата да ги трансферира на сметката на правното лице ‘Балкан екофруит’ ДОО Свети Николе во Стопанска банка АД Скопје во согласност со договорот за долгорочно финансирање заради наплата на дел од кредитот, обвинетиот без согласност на правното лице содружник ги трансферирал средствата на сметка на правното лице ‘Балкан екофруит’ ДОО Свети Николе во Комерцијална банка АД Скопје, од каде што средствата се уплатувани на правни лица блиски до него по разни основи во вкупен износ од 6.406.206 денари. Остатокот од паричните средства во износ од 8.583.390 денари тој ги исплатил на други правни лица за тековни фактури по разни основи“, соопштија од Обвинителството.

Обвинетиот во својство на управител, без согласност на содружникот правно лице, електронски одобрил и исплатил шест трансакции во вкупен износ од 13.720.147 денари по што испорачувал разни материјални добра на правното лице кон други правни и физички лице во вкупен износ од 15.690.491 денар за кои изготвил само испратници и приемници, без да преземе дејства за наплата на побарувањата.

Обвинетиот исто така склучил и 36 договори за откуп на овошје и четири договори за деловно-техничка соработка – заедничко производство на домати, притоа не вршејќи наплата на побарувањата и обврските од нив, со што му нанел штета на правното лице во износ од 2.188.873 денари.

Во истиот период, обвинетиот, без согласност на содружникот, дозволил влез и производство во просториите на фабриката „Балкан екофруит“ ДОО на други правни лица од кои не ги наплатил закупнината, платата за вработените и другите режиски трошоци, со што му нанел штета на правното лице во висина од 23.236.392 денара.

Црна хроника

Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга

Објавено пред

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.

dobivaj vesti na viber

„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички

Објавено пред

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија

Објавено пред

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.

dobivaj vesti na viber

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија6 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија6 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија6 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија6 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија9 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет10 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет11 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија21 час

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...