Црна хроника
Фатени три лица, краделе возила, машини и алати од рудници и викенд-куќи
СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М. С. (36) од Прилеп, Ј. Ф. (25) од Прилеп и А. Џ. (26) од с. Црнилиште, општина Долнени, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела тешка кражба.
При првото кривично дело, сторено во периодот од септември 2019 до април 2020, пријавените со употреба на сила и приспособлив предмет влегле во двете работни простории во склоп на рудник лоциран во Рамнобор, с. Мелница, Мариово, и одзеле работни машини и разни резервни делови (виљушкар, агрегати, компресори, дупчалка, каменорезачка, електромотори од машини за преработка на мермер, кабли и др.), со што текнале противправна имотна корист од речиси 17.220.000 денари.
Второто дело тројцата пријавени го извршиле во периодот на март 2020, при што со приспособлив предмет влегле во викенд-куќа во с. Бешиште, во која привремено престојувал М. М. од Битола, и од помошната просторија и дворот одзеле повеќе машини и алати (неколку акумулатори, бормашина, хилта, метал-детектор, рачен циркулар, агрегат и др.), карабинска и ловна муниција, ловна пушка, автомобилски резервни делови и приколка стекнувајќи противправна имотна корист од 150.000 денари.
Третата тешка кражба пријавените ја извршиле во периодот од октомври 2019 до април 2020, така што со употреба на сила влегле во рудник лоциран во с. Бешиште по што од кругот на рудникот одзеле возило „џип УАЗ“ и теренско возило „нисан терано“, во кое имало и документи, при што стекнале противправна имотна корист од 60.000 денари.
Четвртата тешка кражба тројцата пријавени ја извршиле во април 2020 прескокнувајќи ја заштитната метална ограда од деловниот простор на рудникот за обработка на мермер по што се упатиле до викенд-куќата, сопственост на М. М., и со употреба на сила влегле во неа и одзеле алат за мерење струја, предмети за домаќинство, потоа од работилницата одзеле електрична машина дребонг и товарно возило ТАМ. Со ова дело добиле противправна имотна корист од 60.000 денари.
Со преземање оперативно-тактички мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Прилеп, некои од предметите се пронајдени и со потврда за привремено вратени предмети им се вратени на оштетените. Со извршување овие четири дела тешка кражба од чл. 236 од Кривичниот законик на РСМ сторителите стекнале противправна имотна корист од речиси 17.490.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.