Црна хроника
Фатен штипјанец, дел од мрежата за кражба на артефакти
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Единица за сериозен криминал и тероризам, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје поднесе кривична пријава против Г.А.(27) од Штип поради „злосторничко здружување“, казниво по член 394 став 1 и „прикривање“ казниво по член 261 став 3 од Кривичниот законик
Според полицијата, тој во периодот од јули до септември 2018 година како член на злосторничко здружение што го формирале Р.П., А.Б. и Ж.Р. континуирано разменувал информации за пронајдени археолошки предмети.
,,Во периодот од 30.07 до 05.10.2018 година тој остварил контакти со Р.П. заради продажба на археолошки предмети кои претходно ги имал пронајдено, заради понатамошна препродажба. На 24.10.2018 година, со потврда за одземени предмети, од Г.А. биле одземени една бакарна фигура и една бакарна монета, кои се археолошки предмети и претставуваат добра под привремена заштита, културно наследство или природни реткости”, информира МВР.
Претходно, беше поднесена пријава против Р.П.(46), А.Б.(70) и Ж.Р.(65) и 6.11 уште 11 други лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 265, „изнесување, односно извезување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по член 266 и „прикривање“ по член 261 став 3 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.