Црна хроника
Цариниците спречиле обид за изнесување на фалсификат евра
Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за изнесување од државата на дваесет и седум илјади и седумстотини фалсификувани евра, откако во понеделникот српски државјанин се обидел да ги изнесе овие лажни девизи надвор од земјата.
Имено, во понеделникот околу 7 часот наутро, на граничен премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавило патничко возило со српски регистарски таблици управувано од српски државјанин. На прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави за царинска контрола, лицето одговорило дека нема ништо за пријавување, но и покрај таквата изјава, поради постоење на сомнение возилото и лицето биле селектирани за преглед. При контролата на возилото и патникот, во наслонот помеѓу предните седишта, во врзано снопче со ластик замотани во бела хартија пронајдени биле девизи.
Царинските службеници забележале дека има 39 банкноти во апоени од по 100 EUR со ист сериски број, понатаму увиделе и дека 39 банкноти во апоени од по 200 EUR имаат ист сериски број, како и дека 32 парчиња во апоени од по 500 EUR исто така имаат ист сериски број. При преглед со UV лампа констатирано било дека девизите се со лош квалитет и се фалсификувани. По извршениот преглед, српскиот државјанин бил лишен од слобода и предаден на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, со цел преземање на понатамошни предистажни дејстивја.
Од спроведената предистражна постапка, собрани се докази кои укажуваат дека осомиченото лице фалсификуваните евра ги изготвил сам и ги испечатил со печатач во боја на обична хартија, а истото е потврдено од страна на НБРМ при вештачењето на парите.
Царинската управа против осомничениот до ОЈО Куманово поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Фалсификување пари“, а осомничениот е предаден на судија за претходна постапка во ОС Куманово кој му одреди мерка претпазливост – привремено одземање на патна исправа со обврска да се јавува во судот два пати неделно./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.