Црна хроника
Цариници пронашле 10 килограми непозната тревкаста материја
Царинските службеници на граничниот премин Табановце при проверка на автобус пронашле сомнителна тревкаста материја.
На 25.03.2017 година, околу 08.00 часот на ГП „Табановце“, при преглед на автобус „МАН“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј. (42) од с.Равен, гостиварско, мобилен тим на Царинската управа во патна торба пронашол 10 полиетиленски пакувања сомнителна тревкаста материја со вкупна тежина од околу 10кг. Како втор возач на автобусот било лицето Ј.A(45) од с.Алиѓерци-Прешево, Република Србија. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.