Црна хроника
Четворица обвинети признале вина за кривично дело криумчарење
Вчера во Основниот кривичен суд – Скопје, во текот на главната расправа во предметот за кој Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во месец март годинава, поднесе обвинителен акт против седум лица и обвинителен предлог против едно лице, четворица од обвинетите ја признаа вината, односно дека ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар.
За кривичните дела што им се ставаат на товар, судот донесе пресуди врз основа на признание на вина и тоа на обвинетите А.Ж. и Џ.Ш. им изрече ефективна казна затвор во траење од 6 месеци, додека за обвинетите Љ.Љ. и Д.К.Ш. судот донесе пресуда со која им е изречена алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор во траење од 6 месеци која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 2 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција незадоволно од висината на изречените казни најавува жалба по добивањето на пресудата.
Според обвинението со дејствијата што ги извршиле обвинетите како царински службеници сториле кривично дело криумчарење предвидено и казниво по член 278 став 5 во врска со став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Истрагата, како што соопштија надлежните, била отворена кон крајот на месец декември минатата година по поднесена кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи. Во текот на постапката се утврдило дека во месец ноември 2021 година четворицата обвинети, меѓу кои двајца полициски службеници, како повеќе лица, во два наврати организирале неовластено пренесување заради пуштање во промет на таблети што содржат прекурсори, додека четворица царински службеници постапиле спротивно на нивните службени овластувања и должности. За останатите обвинети судската постапка продолжува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.