Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајна незгода на патот Штип-Радовиш
На магистралниот пат Шти-Радовиш дошло до судир помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј. И. (29) од Струмица, и патничко возило „ситроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (40) од с. Утово, Битолско.
Повреди добиле двајцата возачи и двајцата сопатници во возилата: Ј. В. (22) од Струмица во возилото „бмв“ и А. П. (44) од Република Грција во возилото „ситроен“. Ј. И. и Ј. В. биле пренесени на Клиничкиот центар во Штип, каде што им била укажана лекарска помош. Возачот Г. И. и сопатникот А. П. биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш, каде што им биле констатирани повредите и им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22.10 часот на 15.3.2018 до 1.25 часот на 16.3.2018 година сообраќајот бил во прекин во двата правца на магистралниот пат Штип-Радовиш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.