Црна хроника
Четири деца нападнати од врсници во Македонија – едно натепано на училиште, на друго му извадиле нож
МВР објави за четири пријави за насилство помеѓу врсници во текот на вчерашниот ден, на територијата на Македонија.
Според полициските информации, едно од децата било нападнато за време на училишен одмор, додека пак друго било натепано од лице кое со себе носело нож.
„На 01.06.2023 во 18.00 часот Р.К.(47) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.
На 01.06.2023 во 19.40 часот Х.Б.(44) од Тетово пријавила дека во Тетово нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници.
На 01.06.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Струмица, И.Ц.(44) од Струмица пријавил дека околу 10.45 часот, за време на училиштен одмор во средно училиште во Струмица, каде учел неговиот малолетниот син, две лица кои ги познавал физички го нападнале.
На 01.06.2023 во 14.00 часот Џ.М.(46) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од две лица, од кои едното имало остар предмет“, објави МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.