Црна хроника
Кривична за Митко Јанчев и уште тројца други за злоупотреба на службата
Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кавадарци поднесе кривична пријава против 37-годишниот Г.Ч. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, потоа против 37-годишниот M.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“, како и против 63-годишниот нотар К.Г. и М.М. 63 години, вработен во МВР на РМ-Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопштија од полицијата, во чие соопштение се додава дека сите осомничени лица се од Кавадарци.
„Во периодот од 16.01.2015 до 01.09.2016 година првопријавениот, вработен во ‘Кожувчанка’ ДОО- Кавадарци, изготвил лажен договор за купопродажба на возило за чистење снег и посипување со сол ‘UNIMOG U1400’, во кој истиот бил наведен како купувач, по што ваквиот договор го употребил при постапка за идентификација на патничкото возило, во Бирото за метeoрологија при Министерството за економија – Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила. Второпријавениот, пак, како управител на ‘Кожувчанка’ ДОО и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ – Кавадарци, и покрај тоа што знаел дека наведеното возило било сопственост на ‘Кожувчанка’ ДОО, со првопријавениот, склучил договор за купопродажба на наведеното возило, во кој како продавач бил наведен првопријавениот, а како купувал било наведено правното лице ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ. Третопријавениот, како нотар, и покрај тоа што не му бил приложен оригинален договор за купопродажба на наведеното возило, ја заверил копијата од лажниот договор за купопродажба изготвен од страна на првопријавениот, по што го заверил и договорот за купопродажба на наведеното возило помеѓу првопријавениот, како продавач и ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ, како купувач. Четвртопријавениот, како вработен во МВР – Одделение за управни работи – Кавадарци, издал согласност на ‘ЈА-МИ’ ДООЕЛ за регистрација нанаведеното возилото, без да изврши увид во царинската декларација за наведеното возило, во која како увозник и сопственик била наведена фирмата ‘Кожувчанка’” ДОО“, појаснуваат од полицијата во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.