Црна хроника
Четири мотоцикли задржани во полициска станица по акција против „дивите тркачи“ во Скопје
Одделението за безбедност на патниот сообраќај синоќа извршило акциска контрола на подрачјето на Скопје со цел откривање и санкционирање на таканаречени „диви тркачи“.
Како што информираат од МВР, од страна на сообраќајните полицајци биле преземени мерки против 34 возачи.
„19 возила се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, а 15 се упатени на вонреден технички преглед поради поставени фолии без атест. Од возилата што се упатени на вонреден технички преглед поради зголемена бучавост, четири мотоцикли се задржани во полициска станица“, информираат од полицијата.
Од таму додаваат дека по однос на останати прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за возила, преземени се вкупно седум мерки за сторени сообраќајни прекршоци против возачите.
МВР и во наредните денови ќе продолжи со засилени контроли со цел санкционирање на оние што ги кршат законите и ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.