Црна хроника
Обвинение против гостиварец кој со лопата нападнал полицајци
Гостиварското Јавно обвинителство поднесе обвинение против 49-годишен гостиварец, осомничен за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
На 4 август обвинетиот нападнал двајца полициски службеници што вршеле сообраќајна контрола на магистралниот пат Кичево – Гостивар.
Тој работел како чувар во каменоломот пред кој било паркирано полициското возило за сообраќајна контрола. Додека службените лица имале сопрено возило за проверка, обвинетиот им се приближил и најпрвин почнал вербално да им се заканува и да ги брка.
Полицајците го предупредиле да престане со заканите, дека ќе биде приведен и дека целиот настан го снимаат камерите на нивните униформи.
Во тој момент обвинетиот се обидел да го скине кабелот од службената камера, а потоа зел лопата, која била оставена на страна, и почнал со неа да замавнува кон полициските службеници.
Тие го совладале и го привеле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.