Црна хроника
Штипјаните кои загинаа во сообраќајка се жртви на „диви тркачи“
Штипското основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против две лица, осомничени дека сториле тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Двајцата осомничени, во вечерните часови на 31 мај, предизвикале тешка сообраќајна несреќа со смртни последици.
Првиот осомничен управувал автомобил „опел астра“, а вториот осомничен автомобил „сеат леон“, тргнувајќи истовремено од бензинска пумпа на кружниот тек на влезот на Штип.
Со брзина поголема од максимално дозволената се движеле по улицата Брегалничка, еден зад друг. Приближувајќи се до крстосница, наместо да ја намалат брзината, едното возило започнало да го претекнува другото и навлегло во коловозна лента за сообраќај од спротивна насока.
Во тој момент, во таа лента се движел автомобил „југо“, во кој се превезувале двајца сопружници. Возачот на автомобилот „југо“ се обидел да го избегне автомобилот кој му доаѓал во неговата лента, но притоа директно удрил во другиот престигнуван автомобил.
Како резултат на судирот и здобиените повреди, во несреќата починале двајцата сопружници.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Штип доставил предлог за определување притвор за двајцата осомничени. Судот го прифатил предлогот и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.