Црна хроника
Штипјанка место во изолација шетала по маркети
Основното jaвно обвинителство Штип поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози за две лица кои не ги почитувале здравствените прописи и непостапиле според здравствени прописи за време на епидемија.
Едно од обвинетите лице, 68-годишна штипјанка, со решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат била должна да почитува мерка за самоизолација започнувајќи од 23 март. Но, на 2 април го напуштила престојувалиштето каде требало да биде во самоизолација и отишла да пазари во маркет.
Вториот обвинет, со возило се движел низ градот иако во сила бил полицискиот час, воведен со одлука на Владата за да се сузбие ширењето на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот. Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара од судот на двајцата обвинети да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.