Црна хроника
Ја уценувал поранешната девојка дека ќе објави нејзини фотографии на интернет, ако не му даде пари
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Д.(22) од Гостивар поради уцена.
Во периодот од август 2018 година до 25. 2.2019 пријавениот, со закана дека на социјални мрежи ќе објави компромитирачки фотографии, ја принудил неговата поранешна девојка од Гостивар да му даде околу 400 евра.
На 25.02.2019 полициски службеници го пријавиле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.