Контакт

Црна хроника

11 лица се уапсени во Скопје, Тетово, Кичево и Струга: кај нив била пронајдена дрога

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишија од слобода 11 лица кај кои била пронајдена дрога.

На 17.06.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Г.А.(30), В.С.(26) и Љ.С.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и ризли.

На 17.06.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека при преглед кај осуденикот И.Т.(43) од Скопје на влез во установата, кој се вратил од отсуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети.

На 18.06.2026 во 01:10 часот на улица „Маршал Тито“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ц.В.(18) од струшкото село Ташмаруништа затоа што при преглед кај него се пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

На 17.06.2026 во 22:50 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода М.Т.(24), Б.В.(25) и О.К.(25), сите од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале и притоа се пронајдени и одземени марихуана и други предмети.

На 18.06.2026 во 01:40 часот во с.Боговиње, полициски службеници од Полициското одделение Камењане ги лишија од слобода Г.Ќ.(29) и И.М.(28), двајцата од с.Милетино, општина Брвеница. При извршен преглед на паркирано патничко возило „поло“ со тетовски регистарски ознаки, во кое биле двајцата, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 17.06.2026 во 22:10 часот во близина на клучката Групчин, полициски службеници од Полициското одделение Групчин лишија од слобода 17-годишен малолетник од с.Копачиндол, општина Желино. При преглед на патничко возило „опел астра“ со тетовски регистарски ознаки, во кое тој бил сопатник, кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава10 часа

Најскапата фотографија на денот: „Моќта е во косата“

Една фотографија, двајца фудбалски великани и милиони реакции. Златан Ибрахимовиќ објави фотографија на Инстаграм на која стои лице в лице...

Забава10 часа

Мадона влезе во историјата на Билборд топ листите со новиот албум

Мадона уште еднаш го потврди својот статус на Кралица на попот со освојувањето на првото место на Билборд 200 топ...

Македонија11 часа

Јанев од Кочани: Бегството од полициска станица е сeриозен инцидент, ова е недозволиво

Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности...

Спорт11 часа

ПСЖ сериозно заинтересирани за голманот на Парма

ПСЖ е заинтересиран за голманот на Парма, Заион Сузуки, објавуваат италијанските медиуми. „Газета дело Спорт“ пишува дека двократниот последователен шампион...

Македонија11 часа

(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши

Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара...

Спорт11 часа

Родри: не е добра опција да се надигруваме со Франција

Капитенот на европскиот првак Шпанија, пред полуфиналниот натпревар со Франција, на Светското првенство, им порача на соиграчите да бидат претпзливи....

Спорт11 часа

Европскиот првак ќе се засили со Лукас Дињ

Фудбалерот на Астон Вила, Лукас Дињ, ќе стане првото засилување во летниот преоден рок на двократниот европски шампион Пари Сен...

Македонија11 часа

(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо

Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд...

Спорт11 часа

Манчестер Јунајтед донесе фудбалер на Челзи за 58.000.000 евра

Додека ги финишира преговорите со Јури Тилеманс и Астон Вила, Манчестер Јунајтед го официјализираше своето прво засилување за сезоната 2026/27....