Црна хроника
112 санкционирани возачи во Скопје, 38 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Град Скопје биле изречени вкупно 112 мерки, меѓу кои за возење над дозволената брзина 38 казни, девет мерки за возење без возачка дозвола, девет мерки за минување возила на црвено светло, две за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за непрописно паркирање, две за нерегистрирани возила, 10 за користење мобилен телефон, три за вградени нетестирани фолии(затемнети стакла), две мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, велат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ранет 40-годишен маж во пукање во Чаир

Во пукање во Чаир повреден е 40-годишен маж.
Според информациите, тој ноќеска бил донесен во приватна болница со повреда од огнено оружје.
„На 08.06.2023 во 02.12 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје било пријавено дека кај нив со повреда од огнено оружје бил донесен В.А.(40) од Скопје. По преземени мерки било утврдено дека на ул.„Крсте Асенов“ во населба Чаир едно лице од пиштол пукало кон В.А.. На местото биле пронајдени две чаури. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“ соопшти МВР.
Црна хроника
Жена нападнала маж во стан во Охрид, а потоа искршила и дел од покуќнината

Синоќа, во 21.50 часот, во СВР Охрид било пријавено дека во стан на улицата Славеј Планина во Охрид, М. М. физички го нападнала М. К. (42), двајцата од Скопје.
Според полицијата, таа потоа оштетила дел од покуќнината.
По документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.
Црна хроника
Ја злоупотребила службената положба, кривична против директорка на градинка во Штип

СВР Штип до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н. М. (39) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и попречување на правдата.
Пријавената, во својство на вршител на должност директор на општинската јавна установа – Детска градинка во Штип, на 22.12.2022, по спроведена постапка за јавна набавка на детски реквизити и монтажа на детски реквизити, иако доставата и монтажата не биле завршени, извршила исплата на економскиот оператор, со што предизвикала штета на буџетот на Република Северна Македонија за сума од 2.593.601 денар.