Црна хроника
114 казнети возачи на територија на СВР Куманово
Денеска во периодот од 14 до 20 часот полициски службеници од СВР Куманово спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 114 возачи.
Од нив, 104 санкции се изречени на територија на Куманово, 8 санкции на територија на Кратово и 2 на територијата на Крива Паланка.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кој кого тепал – Семејна драма во Драчево
26-годишна жена вчера во 13.53 часот во СВР Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг.
Полицијата информира дека исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на автобус на ЈСП
Возач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
Имено синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка на фудбалски натпревар: се степале играчите од двете екипи и дел од публиката во село Богомила
Вчера во 11.00 часот на фудбалското игралиште во село Богомила, општина Чашка, за време на одигрување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК Богомила од с.Богомила и ФК Мартолци од с.Горно Врановци, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу играчи од двете екипи и дел од публиката, по што натпреварот бил прекинат.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.