Црна хроника
116 казни за непрописно престигнување на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 116 возачи, известуваат од таму.
Од нив, 27 биле казнети на територијата на Тетово, а 25 непрописно престигнувале на територијата на Куманово.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре возило натоварено со слама

Товарно возило натоварено со бали слама изгорело вчера помеѓу селата Средно и Долно Коњари.
„На 3 јули, во 14.42 часот, во СВР Скопје, Р. С. (33) од с. Света Петка, Скопско, пријавил дека помеѓу селата Средно и Долно Коњари, додека управувал товарно возило натоварено со бали слама, избувнал пожар, при што изгореле сламата и возилото“, информираат од МВР.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид.
Црна хроника
Скопјанка нападната поради сообраќајно недоразбирање

Скопјанка пријавила дека била нападната од страна на сосед поради недоразбирање во сообраќајот.
„На 3 јули, во 17.42 часот, во Полициската станица Аеродром, В. В. (48) од Скопје пријавила дека во 17 часот на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, била физички нападната од нејзиниот сосед З. В. (46) од Скопје“, велат од МВР.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
30 санкции за непрописно вградени фолии

Во периодот од 27.6.2022 до 3.7.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата, соопштија надлежните.
При контролата санкционирани биле 30 учесници во сообраќајот. На сите прекршители им биле изготвени соодветни поднесоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.