Црна хроника
12 обвинети за лажни ПЦР-тестови на скопскиот аеродром
Против 12 лица се поднесени обвиненија за кривично дело фалсификување исправа, казниво според Кривичниот законик, информираат од скопското Јавно обвинителство.
Обвинетите, во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром „Скопје“, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР-тестови на SARS-CoV-2, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје.
Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.