Црна хроника
146 санкционирани возачи во Скопје, 18 возачи на мотоцикл

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.5.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 10 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси на концерт во Скопје и во угостителски објект, приведени 7 лица затекнати со дрога

Полицијата синоќа приведе седум лица поради дрога при извршена контрола на посетители на музички концерт во објект на подрачјето на Карпош и во два угостителски објекта во Скопје.
„Кај Р.Д.(25) и кај Х.А.(32), двајцата од Косово биле пронајдени три пакувања бела прашкаста материја, кај Ј.К.(37) од Гостивар била пронајдена грутчеста материја, кај З.Д.(32) од Кичево е пронадена марихуана, а кај Ц.С.(27) од Демир Капија – марихуана и грутчеста материја. Лицата се приведени во Полициска станица Карпош и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Во Полициска станица Центар, пак, е приведен С.Г.(24) од Свети Николе, а во Полициска станица Аеродром приведен е И.Х.(20) од Скопје, затоа што при извршена контрола во угостителски објекти кај нив била пронајдена прашкаста материја. И против овие лица ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик“, велат од МВР.
Црна хроника
Работник почина од струен удар во фабрика во Струшко

Маж вработен во фабрика бил пронајден починат во дворот на објектот, во близина на електричeн ормар, соопшти МВР.
„На 27 мај во 10.00 часот било пријавено дека во двор од фабрика во селото Враништа, Струшко, во близина на електричeн ормар, е пронајден починат вработениот Д.Р.(59) од с.Враништа, најверојатно од струен удар“, велат од полицијата.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Струга, Трудов инспектор, вештак по електротехника и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција.
Црна хроника
Приведени двајца дилери на дрога од Скопје

Денеска на подрачјето на Кисела Вода полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Г.К.(34) и Д.М.(32), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени две пакувања кафеава прашкаста материја, апчиња, бела прашкаста материја, марихуана, дигитална вага, дробилка, метадон.
Двете лица се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.