Црна хроника
151 казна за брзо возење на територијата на Тетово
Денеска во периодот од 09 до 16 часот на подрачјето на Тетово била спроведена засилена акциска контрола за возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 151 возач, од кои 100 на територија на Тетово, а 51 на територија на Гостивар.
82 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а девет за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови најавија од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.