Црна хроника
153 сообраќајни прекршоци во Скопје, 32 за брзо возење
Во вчерашната полициска акција на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 153 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 32 казни, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила.
Изречени биле седум мерки за користење мобилен телефон, шест казни за возач почетник, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за непрописно престигнување и обиколување, три мерки за прекршоци што ги прават мотоциклистите, 48 за непрописно паркирање.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот и за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
78 санкции за брзо возење во Битола
Во период од 13 -19 часот Секторот за внатрешни работи Битола спроведе акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи.
Од нив 36 возила се на подрачје на Ресен, 16 Битола,15 Прилеп,шест мерки во Македонски Брод, три Крушево и две мерки на подрачје на Демир Хисар.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Затвореник им избегал на полицајците додека го запреле возилото на бензинска пумпа
Вчера околу 19.45 часот, при спровод на Р.Џ.(26) од Штип, лице лишено од слобода, од ОВР Неготино до Казнено – поправната установа Затвор Куманово, полициските службеници кои го спроведувале го запреле возилото на бензинска пумпа пред патарината во Куманово, по што Р.Џ. се дал во бегство, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.
Црна хроника
Србин претепал скопјанец по недоразбирање во сообраќајот
Во 02.15 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром го лишиле од слобода М.И.(26) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21.15 часот на 28.03.2024 на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал Д.Ј.(21) од Скопје.
Притоа, Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.