Црна хроника
157 сообраќајни прекршоци во Скопје: 56 за пребрзо возење, 16 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење мобилен телефон.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
191 сообраќајни прекршоци во Скопје, 49 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 191 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 12 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
Црна хроника
Преку Фејсбук се претставил дека е адвокат и измамил жена за пари

Скопјанец преку Фејсбук измамил 60-годишна жена дека е адвокат и ја навел да му плати за наводната правна услуга.
Според информациите, А.В.(33) од Скопје, во текот на февруари 2022 година, користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Црна хроника
Фатен бегалец осуден на 70 месеци затвор

Денеска (28.6.2022), во 12.45 часот, на улицата Дижонска во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б. И. (39) од Скопје, информираат од МВР.
Скопјанецот бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување казна затвор од три години и осум месеци за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик за кое бил осуден на казна затвор од пет години и 10 месеци.
Лицето ќе ѝ биде предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.