Црна хроника
16-годишен велосипедист од Битола тешко повреден при удар од автомобил

16-годишно момче од Битола било тешко повредено при удар од автомобил кој бил управуван од 21-годишен битолчанец.
Несреќата како што соопшти МВР се случила вчера кога во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од ул.„Партизанска“ и ул.„Ѓорѓи Наумов“ во Битола, патничко моторно возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од И.Т.(21) од Долно Оризари удрило во велосипед управуван од 16 – годишен битолчанец.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во скопска продавница за миленици се продавала дрога, полицијата најде 85 таблети

Дрога се продавала во продавница за миленици во Скопје.
Полицијата извршила претрес во просториите на продавницата и нашла 85 таблети.
На 3 февруари, осомничениот неовластено му продал на еден сведок 0,53 грама 3,4-метилен-диоксиметафетамин (МДМА). Полициски службеници веднаш потоа извршиле претрес во простории на продавница за производи за домашни миленици во Скопје што ги користел осомничениот, па таму пронашле вкупно 85 таблети од таа психотропна супстанција наменети за неовластена продажба. Освен ова, биле откриени и дополнителни 24,09 грама МДМА во прашкаста форма, 11,4 грама амфетамин, како и 90,68 грама марихуана. При претресот биле одземени и две дигитални ваги на кои се регистрирани траги од МДМА, кокаин и тетрахидроканабинол.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои што укажуваат дека притворската мерка е неопходна за непречено водење на кривичната постапка со оглед на опасноста осомничениот да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.
Црна хроника
Затвореник почина во затворот Идризово

Затвореник почина во затворот Идризово во Скопје.
Според информациите, се работи за 27-годишниот Д.Х. од Велес.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје денеска го лишиле од слобода Д.Т.(32) од с.Бизбегово, скопско.
При претрес во неговиот деловен објект, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста материја, повеќе различни видови таблети и две дигитални ваги.
Подоцна, исто така со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом во с.Визбегово и притоа биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материјаи повеќе таблети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.