Црна хроника
161 санкционирани возачи во Скопје, 23 за управување под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Во Охрид уапсен жител на Љубојно осомничен за тешка кражба

МВР информира дека на 6.7.2022 во 19:00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделeнието за криминалистичка полиција при СВР Охрид го лишиле од слобода Ѓ.З.(31) од с. Љубојно, Ресенско.
Тој бил баран по централен распис од СВР Битола, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.
Притоа, кај него биле пронајдени пари, во различни апоени и валути и повеќе други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против 12 лица за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, одреден и притвор

Во врска со извршено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, по чл. 385 од Кривичниот законик, сторено на 05.07.2022 година за време на граѓански собир пред Собранието на РСМ, при што беа повредени 47 полициски службеници и извршено е оштетување на зградата на Собранието на РСМ, зградата на Владата, Министерството за надворешни работи, како и полициска куќарка, полициско возило и разни видови полициска опрема, од слобода беа лишени најпрво 11 лица, а по утврдување на идентитетот, дополнително уште 4 лица, или вкупно 15 приведени лица, од кои три малолетни.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, по преземени мерки и активности, против 12 лица е поднесена кривична пријава во брза постапка.
Пријавените лица во текот на вчерашната вечер се изведени пред Судија на претходна постапка, од чија страна на едно лице му е изречена мерка притвор, а на седум лица мерка куќен притвор.
Црна хроника
232 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 232 возачи.
Од нив 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа, 91 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 141 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.