Црна хроника
17-годишно девојче избодено во средното училиште „Арсени Јовков“
Вчера, околу 9 часот изутрина, од Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ пристигнала пријава од полиција дека кај нив во раните утрински часови било донесено 17-годишно лице од Скопје со убодна рана во пределот на левото рамо, информираат од полицијата.
Како што соопштија од полицијата, повредата ѝ била нанесена од 15-годишно лице од Скопје во средното училиште „Арсени Јовков“, каде што двајцата се ученици.
Од МВР посочија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Полицаец тешко повреден на Водно, паднал од мотор обидувајќи се да избегне лисица која му го пресекла патот
Вчера на локален пат на Водно полицискиот службеник М.Т. (32) од село Радишани, скопско, управувајќи мотоцикл „Хонда“ во сопственост на МВР, изгубил контрола над возилото и паднал.
Според пријавеното, до несреќата дошло откако тој се обидел да избегне лисица која излегла на патот.
Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
По настанот, увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Жена тешко повредена по пад во шахта на Партизанска
Четириесет и седумгодишната С.Д. од Скопје била донесена на комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, соопшти МВР.
Според пријавеното, таа се здобила со повредите по пад во шахта на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
По настанот бил извршен увид.
Топ
Управителот во Штип со години ги допирал своите ученички на возраст од 10 до 13 години – Обвинителството со детали
На возраст од 10 до 13 години биле девојчињата за кои постои сомнеж дека ги допирал по телото управителот на образовниот центар во Штип.
Обвинителството информира дека 65-годишниот управител е под истрага, а се работи за дело извршено во период од три години.
„Од септември 2023 година до 11.05.2026 година, осомничениот користел прилика во која на девојчињата на возраст од 13, 11 и 10 години им држел дополнителни часови во образовен центар и им се приближувал и ги допирал по телото“, велат од Обвинителството.
Како што вчера објави „Макфакс“ на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
