Црна хроника
17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба
17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство.
Според обвинителството, момчето за време на семејна расправија влегло во спалната соба каде се наоѓал неговиот татко и со остар предмет му нанело десет убодни рани во пределот на телото. На местото на настанот била и мајката, која успеала да го оттурне синот и веднаш повикала брза помош.
Повредениот маж бил пренесен на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што му е извршен оперативен зафат, но неговата состојба е и натаму животозагрозувачка.
„Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка пред надлежен судија за деца против малолетникот за кривично дело – убиство во обид, по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Со оглед на сериозноста на делото, предложено е определување мерка притвор“, стои во официјалното соопштение од обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Нападната и ограбена жена на улица во Аеродром
Вчера во 21:00 часот во СВР Скопје, М.П.М.(50) од Штип пријави дека околу 17:30 часот на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила и ја одзело чантата со паричник, лични документи, мобилен телефон и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Скопјанец репетирал пиштол во угостителски објект во Центар, кај него била пронајдена дрога
Скопјанец извадил пиштол и го репетирал во угостителски објект во Центар, а полицијата кај него пронајде и дрога.
Според информациите на МВР, вчера во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници го уапсија И.С.(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот.
При преглед кај И.С. биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на дијаболи. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Загина жител на Кавадаречко, го прегазил трактор
Денеска во 09:00 часот во полиција е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт.
Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

