Црна хроника
172 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 172 возачи.
Од нив 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 71 возилo ја пречекорилo брзината во населено место, а 101 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Три лица се приведени денеска во Битола, откако кај нив била најдена дрога.
Според информациите од МВР, на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привела Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.
Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го нападнала колегата во компанија во Петровец

Полицијата информира дека завчера попладне колешка нападнала колега во фирма во скопски Петровец.
„На 22.6.2022, околу 12.20 часот, во Полициското одделение Петровец, Б. Н. (36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с. Петровец, Скопско, бил физички нападнат од својата колешка К. А .М.“, се вели во извештајот на МВР.
Од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Дебарца крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево – Охрид

Утрово, во 00.30 часот, во СВР Охрид приведен е Н. С. (59) од селото Требеништа, општина Дебарца, соопшти полицијата.
Тој претходно бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а му биле пронајдени две пластични туби со 50-ина литри гориво.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.