Црна хроника
176 санкционирани возачи во Скопје, 42 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.8.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 176 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за нерегистрирани возила, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање првенство на минување на пешаци, пет санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.
Засилените акциски контроли продолжуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.