Црна хроника
181 сообраќајни прекршоци во Скопје: 66 за пребрзо возење, 15 возеле без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.6.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на Град Скопје изречени се вкупно 181 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се и девет мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 29 за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за користење мобилен телефон…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајдена дрога, приведени тројца дилери во Битола

Три лица се приведени денеска во Битола, откако кај нив била најдена дрога.
Според информациите од МВР, на ул.„Тодор Скаловски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги привела Г.К.(32), С.Г.(43), двајцата од Битола и Х.М.(33) од Саудиска Арабија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и други предмети.
Истиот ден од страна на полициски службеници при СВР Битола извршен е претрес во домот на Г. К на ул. “Партизанска” во Битола при што пронајдени и одземени се грутчеста материја, прашкаста материја, растителна материја, 18 семки, дробилка, ризли и др. предмети. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Го нападнала колегата во компанија во Петровец

Полицијата информира дека завчера попладне колешка нападнала колега во фирма во скопски Петровец.
„На 22.6.2022, околу 12.20 часот, во Полициското одделение Петровец, Б. Н. (36) од Кочани пријавил дека на своето работно место во фирма во с. Петровец, Скопско, бил физички нападнат од својата колешка К. А .М.“, се вели во извештајот на МВР.
Од таму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Жител на Дебарца крадел гориво од работна машина на автопатот Кичево – Охрид

Утрово, во 00.30 часот, во СВР Охрид приведен е Н. С. (59) од селото Требеништа, општина Дебарца, соопшти полицијата.
Тој претходно бил затекнат при кражба на гориво од работна машина на автопатот во изградба Кичево – Охрид, а му биле пронајдени две пластични туби со 50-ина литри гориво.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.