Црна хроника
185 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.10.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39, 11 за возење без возачка дозвола, пет за непрописно престројување.
Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат пешаците, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 76 за непрописно паркирање.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кривична пријава за двајца скопјани, ја злоупотребиле службената положба

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К. Н. (32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето и фалсификување службена исправа и против Б. Х. (30) и Ш. Х. (29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.
Првопријавениот К. С., во својство на службено лице, вработен во подрачно одделение за матично работење во Скопје при Управата за водење на матичните книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 4.11.2021, без примено писмено барање за издавање извод од Матичната книга на родените и без доказ за уплатена административна такса за издавање извод, изготвил и издал извод од Матичната книга на родените за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.
Црна хроника
178 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (30.1.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи.
Од нив, 21 возило се движело со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а едно се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа 88 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 90 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор

На 30.1.2023, на улицата Гоце Делчев во с. Кривогаштани, Прилепско, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Кривогаштани, го привеле П. М. (36) од с. Кривогаштани.
Тој бил баран по потерница по наредба на Казнено-поправната установа „Затвор Прилеп“ поради бегство од затворот.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување казна затвор во траење од две години и три месеци.