Топ
19-годишно момче од Тетово испраќало порнографски снимки на малолетно девојче
19-годишно момче од Тетово се сомничи за прикажување порнографски материјал на дете, соопшти полицијата.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ж.Т.(19) од с.Туденце, општина Јегуновце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело прикажување на порнографски материјал на дете.
На 25.6.2021, мајка на малолетно девојче од Скопје пријавила дека на мобилниот телефон на нејзината ќерка на апликацијата Вибер од машко лице ѝ биле покажувани делови од машко тело.
По преземени мерки било откриено дека пријавениот ги испраќал пораките од телефонот на неговиот татко.
Пријавениот го признал делото, информираа надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот конечно го напушта оклопот
Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за Токсикологија.
Во статус на социјалните мрежи, Беќаровски порача дека е време на приватните клиники да се отвори Одделение за детоксикација и Клиничка токсикологија.
„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот конечно го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори Одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, пишува Беќаровски.
Ова се случува откако вчера на прес-конференција заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар. Наместо, тоа, таа инсистира да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, а меѓу нив има лица кои немаат соодветно образование.
Беќаровски кој е раководител на Одделението за интензивна нега на Клиниката рече дека едниот од нив, болничар, вршел притисок врз лаборант- барал урина во која имало наркотици, да биде сменета со урина која е чиста, ама лаборантот не прифатил.
За образованието на Иљази, лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето на јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.
Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.
Свет
Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли
Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди доколку Западот заплени речиси 300 милијарди долари руски имот и ги искористи за помош на Украина.
Откако претседателот Владимир Путин испрати војници во Украина во 2022 година, Соединетите Американски Држави и нивните сојузници ги забранија трансакциите со руската централна банка и Министерството за финансии, блокирајќи околу 300 милијарди долари руски средства на Запад, пренесуваат светските агенции.
Врвните функционери во Соединетите Американски Држави сакаат да запленат имот за да и помогнат на Украина, иако некои банкари и европски функционери се загрижени дека таквите заплени на имот би создале опасен преседан.
Во саботата, Претставничкиот дом на САД усвои закон со одредба која овозможува заплена на руски имот, но лавовскиот дел од руските средства не е во САД, туку во Европа.
„Имаме подготвен одговор“, изјави Валентина Матвиенко, претседател на Горниот дом на рускиот парламент, а пренесе државната новинска агенција РИА.
„Имаме предлог-закон со одмазднички мерки што сме подготвени веднаш да го разгледаме.
„И Европејците ќе изгубат повеќе од нас“, рече Матвиенко, која е членка на рускиот Совет за безбедност.
Матвиенко не прецизираше каков ќе биде одговорот на запленувањето на рускиот имот, за што се уште се разговара на Запад.
Една од опциите за која разговара Западот е да се конфискува приходот од имотот без да се земе самиот имот.
Путин вели дека Западот започна економска војна против Русија, тврдејќи дека руската економија, која минатата година порасна за 3,6 отсто, е отпорна на западните санкции кои имаат за цел да ја запрат руската трговија.
Кремљ постојано повторува дека секое запленување на неговиот имот би било спротивно на принципите на слободниот пазар што Западот ги прокламира и ќе ја поткопа довербата во американскиот долар и еврото, додека ги одвраќа глобалните инвестиции и ја поткопува довербата во западните централни банки.
Русија соопшти дека ќе ја оспори секоја конфискација на нејзиниот имот на суд.
Некои руски функционери сугерираат дека ако се запленети руски имот, истата судбина би можела да ја доживее и имотот на странските инвеститори блокирани на специјални сметки во Русија.
Не е јасно колку точно пари има на овие сметки, според написите.
Претседателот на долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, во понеделникот изјави дека Русија има основа да ги заплени имотите на Западот по усвојувањето на законот во американскиот Конгрес.
Володин рече дека од 280 милијарди долари замрзнати руски средства во странство, само 5 до 6 милијарди долари се во САД, додека околу 210 милијарди евра се во Европската унија.
Македонија
Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори
Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24 април.
Како што е објавено на веб страницата на ДИК, заклучно до 19 април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР.
Парламентраните избори во земјава ќе ги следат над 2000 домашни и странски набљудувачи.
Изборите за шеф на државата ќе ги следат и странски новинари.
Седмите претседателски избори во земјава ќе се одржат на 24 април, а евентуалниот втор круг заедно со парламентарните на 8 мај.