Црна хроника
Скопјанец со автомобил возел по пешачка патека во Градскиот парк
По претходно добиени информации дека денеска околу 12.30 часот автомобил „опел корса“ се движел на патеката за пешаци во Градскиот парк во Скопје, полицијата презела мерки за пронаоѓање на несовесниот возач.
Како што информираат од МВР, лицето е веќе пронајдено, односно утврдено е дека станува збор за П.Л. (20) од Скопје.
Против него се преземени мерки согласно Законот за безбедност на патниот сообраќај и изречени му се соодветни санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведени три лица
По преземени мерки и добиени сознанија дека подолг период врши продажба на дрога на зависници во Скопје, на 18.03.2024, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи при Оддел за криминалистичка полиција, во координација Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица Тигар, со судска наредба, извршиле претрес во домот и други простории на Г.П.(45) од Скопје.
При претресот биле пронајдени и одземени хероин, дигитална вага, повеќе предмети со остатоци од хероин и повеќе други вредни предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Исто така, при претресот во домот на Г.П. бил затекнат и Д.Ж.(46) од Скопје.
Двајцата биле лишени од слобода. Претходно, од слобода бил лишен и З.Д.(50) од Скопје, кој во текот на денот бил во домот на Г.П. и користел хероин. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Охриѓанец се однесувал агресивно кон полицајци, тврди дека полицијата употребила сила кон него
Вчера, во 14.25 часот, на улицата Марко Цепенков во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ј. М. (46) од Охрид, кој се однесувал агресивно кон полициски службеници што извршувале службени дејства.
При приведувањето бил извршен преглед кај него, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Во врска со настанот Ј. М. пријавил дека при преземањето мерки кон него полициските службеници употребиле прекумерна сила, при што добил тешки телесни повреди.
За настанот биле известени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
156 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
Од нив, пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.