Црна хроника
Фатен еден од ограбувачите на ИНКО
Скопската полиција привела еден од осомничените за грабежот на штедилницата ИНКО кога беа украдени околу 200 илјади евра, и трага по неговите соучесници, информираат од Минсиетрството за вантрешни работи
Дваесет ипет годишен скопјанец е лишен од слобода и му е одредена мерка притвор од 30 дена, поради основано сомневање дека пред еден месец заедно со уште неколку засега неидентификувани лица извршил тешка кражба во штедилницата ИНКО во центарот на Скопје. При кражавата штедилницата беше оштетена за 13,4 милиони денари или околу 218 илјади евра.Истрагата на полицијата утврдила дека осомничениот заедно со другите лица ја обиле влезната врата и ги скинале жиците на алармниот уред, а потоа насилно се обиделе да гоотворат сефот. Откако енуспеале во намерата, сефот бил натоварен на рачна метална количка и изнесен.Во сефот имало златен накит, 83.659 денари, три клуча од сефови, два печата, пет дрвени кутии, мобилен телефон, лап-топ и монитор, со вкупна вредност од 13,4 милиони денари.Осомничениот веќе и претходно и бил познат на полицијата како сторител на кривични дела и казнува за нив.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.