Црна хроника
Убиство во тетовско Желино
Вербална расправија меѓу двајца жители на тетовско Желино во петокот завршила со убиство. Триесет и седумгодишник вчера попладне околу 16 часот во фабриката за преработка на мермер и мермерни производи „Делфо-комерц“ со пиштол убил 33-годишен соселанец
Министерството за внатрешни работи соопшти дека двајцата соселани се расправале околу некои нивни претходни недоразбирања. Сега починатиот го турнал соселанецот а тој налутен поради тоа се упатил кон својто автомобил, го зел пиштолот и со еден истрел го погодил во десната рака и десната страна од градниот кош. Ранетиот бил со автомобил ан неговито шура веднаш бил пренесен во една приватна амбуланта во село Желино, а од таму со друго возило во Клиничката болница Тетово, каде што им подлегнал на здобиените повреди.Случајот во Полициското одделение Групчин телефонски бил пријавен од сега осомничениот. Екипа од Тетовската полиција, дежурен истражен судија и заменик-јавен обвинител извршиле увид на местото на убиството, додека осомниченито е приведен. Кај него епронајден и е предаден за вештачење пиштол марка „црвена застава М-57’’, калибар 7,62 милиметри, кој го поседувал со дозвола.По наредба на Истражен судија телото на убиениот е предадено за обдукција.И убиенито и осомничениот за убиство не биле вработени во „Делфо-комерц“, туку во фабриката дошле да купат одредени производи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.