Контакт

Црна хроника

Kривични пријави за лажниот штипски дервиш

Објавено пред

Лажниот дервиш од Штип заработи две кривични пријави од полицијата за измама на двајца жители на велешко Оморани за 14 илјади евра

Велешката полиција поднесе две кривични пријави против 42-годишен штипјанец  поради измама на двајца жители, инаку братучеди, од велешкто село Оморани. Тој лажно се претставувал како дервиш, кој двајцата братучеди ги запознал преку една нивна сосетка од селото.Со оштетениот 38-годишник првпат се сретнал на железничката станица во Велес.Тој се понудил да го реши неговиот семеен проблем, односно да му ја врати сопругата од која бил разведен. Лажниот дервиш го терал да му носи  за баење прво храна, а потоа и пари завиткани во маица. Измамникот ја отшивал маицата  и внатре ставал гранчиња пишувал ливчиња со букви кои личат на арапски и повторно му ги враќал велејќи му дека додека не заврши работата не смее да ја отшие маицата бидејќи ќе му се искриви устата и ќе му се случи нешто лошо. Во повеќе наврати така го измамил за вкупно 12 илјади евра.Истото му се случило и на 37-годишниот братучед на првооштетениот, кому лажниот дервиш му ветил дека со баење ќе им помогне нему и на сопругата да добијат деца. ОВојапта измамата биал во висина од две илјади евра. По извесно време, кога „резултатите“ од баењето на дервишот изостанале, братучедите се посомневале во него и ги отшиле маиците, по што сфатиле дека се измамени кога внатре наместо евра нашле хартија, по што случајот го пријавиле во полиција.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Објавено пред

Од

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите паднало во бесвест и со возило на брзата помош било пренесено во болница.

Од видеото се гледа дека како четири лицаа бегаат од местото со автомобили. Очевидци велат дека слушнале викање и женски глас како бара помош.

Полицијата е на терен.

 

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Мигранти од Индија ограбени во Криволак

Објавено пред

Од

Во близина на неготинското село Криволак во текот на вчерашниот ден четворица разбојници нападнале четворица мигранти од Индија.

Како што информираат од МВР, сторителите им одзеле 950 евра и четири мобилни телефони.

Во врска со настанот, под сомнение дека се извршители на разбојништвото, во неготинската полициска станица приведени биле двајца жители на селото Криволак на возраст од 27 години.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Оружје и дрога пронајдени кај 29-годишен тетовец

Објавено пред

Од

Дваесет и деветгодишен тетовец кој управувал мотоцикл вчера почнал да бега откако му пристапиле полицајци на тетовската улица „Видое Смилевски – Бато“.

При бегството, мотоциклистот фрлил пиштол „бровинг“ калибар 7,65 милиметри со рамка со четири куршуми, што ги поседувал без дозвола. Набргу, потоа тој бил фатен и уапсен, а при преглед на мотоциклот, под седиштето бил пронајден и нож.

Врз основа на судска наредба, подоцна бил извршен претрес во неговиот дом при што биле пронајдени две дигитални ваги, хероин и хашиш. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, додека, пак, 29-годишникот бил задржан во тетовската полициска станица.

По целосно докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

(Видео) Заев-Пенс: Вашингтон ја споделува визијата на Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска во Вашингтон се сретна со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс. Како што соопштија од...

Топ10 часа

(Вознемирувачко видео) Крвава тепачка во Аеродром, едно лице во бесвест

Крвава тепачка се случи вечерва во скопската населба Аеродром кај „Тобако 2“. Според очевидци едно лице од силината на ударите...

Вести14 часа

(Видео) Најмалку три лица убиени во Мериленд, за нападот е осомничена жена

Најмалку три лица се убиени во пукањето што се случи во 9 часот наутро по локално време во сојузната американска...

Регион14 часа

Поранешниот шеф на Хипо банка преку видеоврска сведочеше на судењето против Санадер

Поранешниот шеф на Хипо банка, Гунтер Штрајдингер, преку видеоврска од затвор сведочеше на судењето против поранешниот хрватски премиер, Иво Санадер,...

Македонија18 часа

(Видео) Кратовалиев: Во „Тортура“ презентирана снимка за случајот „Кампања“ што досега била криена

На денешното рочиште за „Тортура“, кое се одвиваше без присуство на јавноста како доказен материјал од специјалното јавно обвинителство, бил...

Македонија20 часа

Пелените во станот во „Скопјанка“ стоеле од јануари, кога починала 90-годишната жена

Деведесетгодишната станарка на „Скопјанка“ која користела пелени починала во јануари годинава. Поради остар мирис од насобраните пелени во станот број...

Македонија20 часа

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ преку „Фејсбук“ најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени

Десетина пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку своите фејсбук-профили најавуваат дека нема да гласаат за уставни измени. Дел од пратениците, меѓу...

Македонија21 час

Јорданов: На Божиновски му дадов 5 илјади евра за услуги, потоа ми бараше уште повеќе

Бизнисменот Минчо Јорданов на денешното рочиште во кривичниот суд за случајот ,,Шпион” рече дека на новинарот Зоран Божиновски му дал...

Македонија21 час

(Видео) Запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров, соседите забележале луѓе со фантомки

Утрово околу 4 часот бил запален автомобилот на архитектот Златко Тодоров паркиран на тротоар на улицата Христо Смирненски зад Универзалната...

Spion Spion
Македонија22 часа

Укината постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување

Се укинува постапката против Зоран Божиновски за злосторничко здружување. Судијата Владимир Туфегџиќ на почетокот од денешното рочиште за случајот ,,Шпион”...

Македонија22 часа

Јавноста исклучена од денешното рочиште за „Тортура“

Денешното рочиште за „Тортура“ почна без присуство на јавноста. Триесет и пет прислушкувани разговори како дел од доказниот материјал ќе...

Македонија22 часа

Коментар на грчка пратеничка ги разгоре страстите на синоќешната седница на мешовитиот парламентарен комитет

Во Собранието вчера со бурен старт почна седницата на мешовитиот парламентарен комитет. Страстите уште на самиот почеток ги разгоре пратеничката...

Свет24 часа

Помпео: Вашингтон е подготвен за преговори со Северна Кореја

САД ги поздравија важните обврски што ги презеде Северна Кореја за време на меѓукорејскиот самит во Пјонгјанг и изрази подготвеност...

Македонија1 ден

Пелени и шишиња со урина ја испразнија зградата во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани за „Макфакс“...

Македонија1 ден

Томевски: Поради острата миризба, станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот...

Македонија2 дена

Евакуирана зграда во Аеродром, паника кај станарите

Жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Софијанова: Балканската школа на педијатрите ги обедини кадрите и важните аспекти во лекувањето на децата

Повеќе од 500 доктори, медицински сестри и специјализанти ја посетиле Балканската школа на педијатрите, што првпат се одржа во хотелот...

Македонија2 дена

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Јовановиќ: Путин преку своите дипломати сака да го сруши договорот помеѓу Македонија и Грција

Претседателот на српската Либерално-демократска партија, Чедомир Јовановиќ, во интервју за „Макфакс“ вели дека има руско влијание на Балканот и дека...

Крвав четврток2 дена

Напаѓачите добиваа насоки од команден штаб, сведочеше пратеникот Ферид Мухиќ за 27 април

На продолжението на судењето за настаните од 27 април, судијката Добрила Кацарска, која го суди предметот, рече дека претседателот на...

Топ2 дена

Тинејџери силувале дете во Битола

Двајца тинејџери на возраст од 14 и 16 години се осомничени дека силувале дете во Битола. Според информациите на МВР,...

Досие