Црна хроника
Уапсен е дилер на хероин во Скопје
Полицијата пронашла и одзела 23 паковки со вкупно 15,1 грама хероин, во дом во Скопје
При претрес во домот на лицето Б.А. од Скопје, полицијата трагајќи по материјални докази за расчистување на кражби, пронашла една паковка со хероин и остатоци од претходно употребена дрога од истиот вид. Б.А кој бил познат извршител на тешки кражби, во разговор со полицијата го посочил М.М.(27) од Скопје дека претходниот ден му дал 5 грама хероин во замена за компјутер. Полицијата извршила претрес уште истиот ден и во домот на М.М. пронашла и одзела 22 паковки хероин, со вкупна маса од 13,5 грама. Таму биле и предметите од кражбите кои Б.А. ги заменил за дрога. Во истражните разговори, М.М. изјавил дека дрогата му ја носело некое непознато лице, наводно од с.Арачиново и од него добивал по 200 денари од продадена паковка со хероин. Одреден е 30 дневен притвор за М.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.