Црна хроника
Запленети седум килограми хероин наменети за косовскиот пазар
Единицата за борба против недозволена трговија со дрога и оружје (ЕБПНТДО) денеска до Основно Јавно обвинителство за организиран криминал и корупција ќе достави кривична пријава против четири лица од Скопје за произвотство и подажба на дрога
Кривичната пријава што ќе ја поднесе ЕБПНТДО е за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ против лицата Н.Џ.(43), И.Н.(22), Р.А.(29) и В.И.(44), сите од Скопје, соопшти МВР. Според соопштението, (ЕБПНТДО) и Царинската управа, а во соработка со Турската служба за борба против дрога и СЕКИ Центарот од Букурешт вчера пресекле меѓународен канал за недозволена трговија со наркотична дрога на релација од Турција преку Македонија до Косово и се запленети околу седум килограми хероин.Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија на ЕБПНТДО и преземени координирани мерки и активности, синоќа во 21 часот и 30 минути во стовариште „Товарна Скопје“ на улицата „808“, во Скопје извршен е преглед во патничко моторно возило „Даеву Матиз“ со скопски регистерски ознаки, управувано од лицето Н.Џ.(43), при што на задните седишта се пронајдени две јутени вреќи на кои имало натпис „1 195 ТК ПИЈАМА ШАБАН СК“ во кои имало текстилна стока пижами. Во близина на возилото затекнато е и лицето И.Н.(22), по што двајцата се лишени од слобода.При извршениот преглед во една од вреќите сокриени во пижамите пронајдени се четиринаесет полиетиленски проѕирни пакувања со наркотична дрога хероин. Петнаесет минути потоа на булевар „Никола Карев“ од слобода се лишени и лицата В.И.(44) кој управувал патничко моторно возило „Форд Ескорт“ со скопски регистерски ознаки и совозачот Р.А.(29) и двајцата од Скопје, лица во текот на предистражната постапка, со примена на посебни истражни мерки, се идентификувани како соучесници, односно нарачатели на пратката хероин.„Одземените пакувања се предадени на вештачење во Одделот за криминалистичка техника на МВР, при што се потврди дека се работи за хероин со висок процент на чистота. Од досега добиените сознанија, хероинот бил наменет за косовскиот пазар и по илегални канали требало да биде изнесен од земјава. Неговата цена на наркопазарот на големо се проценува на околу 100.000 евра, додека на мало може да достигне тројно повеќе, односно до 300.000 евра“, стои во соопштението.Според информациите со кои располага полицијата, хероинот неделава бил подигнат од Турција, заедно со друга стока нарачана од повеќе фирми, наменета за широка потрошувачка. Товарното возило со кое е транспортирана стоката вчера во раните утрински часови влегло во Македонија на граничниот премин „Стар Дојран“, а доцна попладнето по завршувањето на неопходните процедури се упатило кон стовариштето „Товарна Скопје“, каде нарачателите требале да ја подигнат својата стока.Од страна на ЕБПНТДО се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно документирање на случајот и пронаоѓање на други лица кои се евентуално инволвирани во транспортот за што преку СЕКИ центарот повратно ќе биде известена и турската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.