Црна хроника
За илјада евра шеф на кабинет во притвор

За илјада евра земени како поткуп, шефот на кабинетот на министерот за животна средина заврши во притвор, јави А1
Попладнево, МВР соопшти дека полицијата поднесла кривична пријава против шефот на кабинет на министерот за животна средина поради поткуп од 1.000 евра. Осомничениот В.А. (26) од Тетово, со помладиот советник во Управата за животна средина-Одделение за документирање при Министерството, И.Р. (28) извршиле “противзаконско посредување“ и побарале поткуп преку трето лице, А.У.(22) за фирма да добие дозвола од Министерството.Дозволата се однесувала на увоз за употребувани надворешни гуми за фирмата од Куманово, за чие добивање пријавените пред четири дена побарале поткуп.Фирмата, во април, по поднесеното Барање до Министерството и отсуство на одговор, побарала прием кај министерот, по што пријавените побарале мито исплатено преку А.У., за да биде потпишана дозволата, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен пијан возач во Дебарско, возел со 2,69 промила алкохол во крвта

Полицијата уапси пијан возач од дебарско кој возел со 2,69 промили алкохол во крвта.
Според информациите на МВР, вчера во 12.40 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.Е.(54) од с.Џепиште, дебарско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,69 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Тешко повредено деветгодишно девојче од Радовиш: го удрил мопед управуван од пијан возач

Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.
Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.
Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Кривична за полицаец од Скопско: возел со 1,65 промили алкохол во крвта, на полна линија му го пресекол патот на друг возач

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Л.Д.(26) од с.Зелениково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Пријавениот Л.Д.- полициски службеник во Сектор за известување и координација на состојби во МВР, на 21.04.2025 на подрачје на Кисела Вода во Скопје, пријавениот управувал возило со 1,65 промили алкохол во крвта и поминувајќи на полна линија го пресекол патот на друго патничко возило и на тој начин ја загрозил личната и безбедноста на возачот и патниците од другото возило. А откако запреле тој упатувал закани на другиот возач и удирал по неговотот возило.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Л.Д. поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина.