Контакт

Црна хроника

За првите шест месеци 50 кривични дела од шверцот

Објавено пред

Извршени се 50 кривични дела, од кои 9 од Законот за акцизи, 11 се за „криумчарење“ и 10 се за „прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“, при што мерки на кривичен прогон се преземени против 47, додека пет од делата се извршени од непознат сторител

dobivaj vesti na viber

При реализирање на кривичните дела се запленети 2.252 штеки и 76 пакувани кутии разни видови цигари, 30 килограми дробен тутун, два тони и 592 литри алкохол, 27.002 парчиња разни видови лекови, 30 комплети за сауни, пет грла добиток, по еден трактор и половен мотор за товарно возило, 30 моторни пили, како и поголема количина текстилна стока (3.112 парчиња разновидна облека, 108 женски чанти и 98 пара обувки).Кривичните дела од оваа област, соопшти денеска МВР, бележат намалување за 41,8 проценти во споредба со минатогодишниот шестмесечен период, додека кај запленетите количини акцизни стоки е забележано петкратно намалување во однос на запленетите количини цигари (што се должи на минатогодишните запленети во рамки на акцијата „Пепел) и 24 проценти намалување кај запленетите количини алкохолни пијалоци. Во делот на криумчарење цигари и тутун, вкупно се откриени 19 случаи, од кои најголем број откриени случаи – по шест се на подрачјата на Скопје и Тетово. При тоа во Скопје се запленети 313,8 штеки, 76 пакувани кутии разни видови цигари и 30 килограми дробен тутун, во Тетово 1.230 штеки цигари. На подрачјето на Куманово се откриени четири случаи и запленети 663,8 штеки цигари, додека на подрачјата на Битола, Крива Паланка и Струга се откриени по еден случај со запленети вкупно 64 штеки цигари.Карактеристичен е случајот откриен на подрачјето на Скопје кога при преглед на патничко возило, управувано од лице од скопското село Љуботен се пронајдени 76 пакувани кутии цигари, што самиот ги произведувал и пакувал со намера да ги продава на „Бит пазар„ во Скопје, како и случајот на подрачјето на Куманово каде при претрес во домот и киоск на едно лице се пронајдени 440,4 штеки разни видови цигари, што ги набавил во текот на 2008 година од непознато лице од Куманово со цел да ги продава во градот.Најголемиот дел од запленетите цигари се од марката „марлборо”, „партнер”, „сумер”, „данхил”, „ронсон”, „карелиа слимс”, „бонд”, „родео“, „ЛМ“, „престиж“, „вест“, „лорд“, „божур“, „рондо“, „трусарди-ментол“, „давидоф“„филип морис“ и други. Притоа, во повеќе случаи што се откриени на подрачјето на Скопје и Тетово, во пакувања од одредени странски цигари, се пронајдени цигари со марка од послаб квалитет односно од косовско производство.Во рамки на активностите за откривање и спречување на пуштање во промет алкохолни пијалоци без пропишани акцизни ознаки или со фалсификувани контролни маркици, вкупно се откриени девет случаи, од кои најголем број откриени случаи и тоа осум и запленети два тони и 310 литри алкохол се на подрачјето на Скопје. На подрачјето на Делчево е откриен еден случај со запленети 282 литри. Како покарактеристични случаи во овие шест месеци, беа регистрирани неколку, меѓу кои случајот во Скопје, каде при претрес во куќа се пронајдени 1.800 литри алкохолни пијалоци со хрватски бандероли. Утврдено е дека во почетокот на оваа година, сопственикот на алкохолните пијалоци, иако знаел дека истите се криумчарени, ги складирал во куќата на неговиот татко со намера да ги препродава.Во врска со криумчарењето текстил вкупно се откриени осум случаи, од кои четири случаи и запленети количини текстилна стока во вредност од околу 450 илјади денари се реализирани на подрачјето на Куманово, потоа Скопје со откриени два случаи и запленети 928 парчиња тестилни производи и половен мотор за товарно виозило. На подрачјата на Битола и Радовиш се откриени по еден случај, при што во Радовиш се запленети 98 пара обувки, додека на подрачјето на Битола 1.569 парчиња текстилна стока и 108 чанти. Според потеклото, во три случаи, текстилната стока е набавена од Бугарија, во два случаи од Скопје и по еден случај од Грција и Косово.Во овие шест месеци, како предмет на криумчарење, во два случаи се јавуваат и лекови. Во првиот случај во непосредна близина на село Злокуќани на македонско-косовска граница, кога лице од Куманово, управувајќи патничко возило натоварено со пакети во кои имало 25 илјади таблети лекови-марка „ласикс“, избегнувајќи ја царинската контрола, надвор од утврден граничен премин се обидел илегално да ја помине граничната линија и лековите да ги пренесе од Македонија во Косово, при што бил спречен од страна на полициската патрола. Во вториот случај, на подрачјето на тетовското село Јажинце, во близина на границата со Косово, при обид да се изврши контрола на едно лице, истото успеало са побегне на косовска територија оставајќи пакети со поголема количина разновидни лекови.Карактеристичен е и случајот кога на патот Крива Паланка – Куманово, при контрола на патничко возило во кое се превезувало лице од Скопје се пронајдени 30 комплети за сауни што претходно, за паричен надомест, од Република Бугарија, преку граничниот премин „Деве Баир“ му ги пренело лице од Крива Паланка.Што се однесува до петте случаи извршени од непознат сторител, во два случаи се пронајдени пет грла добиток на подрачјето на Ресен кога при вршење патролна служба, затекнати се неколку лица при илегално пренесување на добиток, при што истите преминале на територијата на Албанија оставајќи пет грла добиток, и во три случаи со пронајдени 443 штеки цигари и повеќе пакети со 2002 парчиња лекови, во близина на границата со Косово и во атарот на тетовското село Јажинце, кога при вршење патролна служба, затекнати се неколку лица при илегално пренесување на цигари и лекови, при што истите преминале на територијата на Косово.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Објавено пред

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

dobivaj vesti na viber

Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради  „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.

dobivaj vesti na viber

На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.

На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Се степале вработени во болница во Карпош

Објавено пред

Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија3 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија3 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија5 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ6 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија6 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет9 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет10 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија10 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион10 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...