Црна хроника
Жена прободена со нож во Гостивар

Една жена завршила ноќеска во гостиварската болница со убодна рана од нож, што ја здобила при тепачка со друга жена
Kако што соопшти полицијата, С.З.(1982) од Гостивар била примена синоќа околу 21.40 минути во болницата со повреда од нож.По обавениот разговор со повредената утврдено е дека во куќата каде С.З. престојува под кирија, дошло до расправија, а потоа и тепачка меѓу неа и Д.К.(1993) од Гостивар, која била на гости кај повредената.Во еден момент Д.К. зела нож и ја прободела С.З. во пределот на десната подколеница, а потоа си заминала. ПС-Гостивар презема мерки за расчистување на настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Деца силувале дете во Скопје, таткото на момчето пријавил во полиција

Maж од Скопје пријавил во полицијата дека две лица го силувале неговиот малолетен син.
Според информациите во полицијата, таткото рекол дека во четвртокот, на подрачјето на Центар, двајца малолетници од Скопје со закана со остар предмет извршиле полов напад врз неговиот малолетен син и му одзеле личен предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка најдена почината во својот дом

Вчера во полицијата било пријавено дека во дом на подрачје на Шуто Оризари била пронајдена почината К.У.(73) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото било дадено за обдукција, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
„Ауди“ со илегални мигранти се судри со автомобил кај Струмица – има повредени, возачот на „аудито“ побегнал

Вчера на регионалниот пат Валандово – Струмица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „ауди а8“ со гевгелиски регистарски ознаки, во кое биле превезувани илегални мигранти и патничко моторно возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ѓ.(25) од с.Пиперово, струмичко.
По незгодата, возачот на возилото „ауди“ и неколку мигранти го напуштиле местото, а по преземени мерки во близина биле пронајдени две лица мигранти од Сирија. Тие биле сместени во Прифатен центар за странци во Скопје, а возилото „ауди“ било одземено, објави МВР.
Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „фолксваген туран“ и неговите сопатници Р.П.(36) и С.С.(44), двајцата од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.