Црна хроника
МВР во акција – организираниот криминал во пораст
Во последните шест месеци, Министерството за внатрешни работи разоткрило 137 кривични дела од областа на организираниот криминал, при што осомничени биле 171 сторител.
Тоа е за 12,3 отсто повеќе од истиот период лани, соопштуваат од МВР. Во шестмесечниот извештај на МВР за работата на полицијата во делот на организираниот криминал стои дека најзастапени биле делата: фалисфикување пари, потоа корупција, организирана илегална миграција, трговија со малолетно лице, а откриени се и пет случаи на перење пари за кои се пријавени 23 сторители.„Во овие шест месеци, откриени се и пет дела изнуда сторени од група или на особено насилен начин, три дела криумчарење и едно дело злосторничко здружување“, соопштуваат од МВР.Полицијата открила дури 43 случаи на злоупотреба на службената должност од лица вработени во јавната администрација во кои најчесто се работело за земање на мито или корупција, со што го оштетиле Буџетот на РМ и акционерски друштва за повеќе од 599 милиони денари. Со тоа бројот на разоткриени кривични дела поврзани за корупција во однос на лани е зголемен за една четвртина. Најголем дел од кривичните дела на давање и примање поткуп биле сторени од царински работници, а во некои од случаите биле замешани и адвокати. Во анализираниот период, понудениот поткуп е во вредност до 2.000 евра и тој бил понуден на полициски и царински службеници на ГК „Богородица“, ГП „Табановце„, „Долно Блаце“, „Деве Баир“, „Ново Село“, „Делчево“, како и на гранични полицајци на гевгелиското подрачје со цел побрзо да се помине границата, да не биде извршена пасошка контрола и контрола на сообраќајна документација, заради непоседување зелена карта и за да се овозможи илегално минување на границата. Примениот поткуп, пак, се движи до 16.000 евра, а за примање мито се обвинети петмина полициски работници, како и по еден член на одбор на доверители, професор на Филолошки факултет и секретар на Комисија во МО и офталмолог.„Во случајот на перење на пари сторителите кои иако знаеле дека средствата во висина од над 170 милиони денари се прибавени со казниво дело, со цел истите да ги интегрираат во легалните приноси, ги пренесувале и ја прикривале нивната локација, а дел присвоиле и за себе“, пишува во извештајот на МВР.За фалсификување на пари биле обвинети 66 сторители кои се обиделе во промет да пуштат во промет 403 фалсификувани банкноти и тоа најголемиот број во апоени од 50 евра- 300 банкноти, 1.000 денари- 46 банкноти, од 100 евра- 18 банкноти, од 20 евра- 15, од 50 американски долари – осум, шест од 500 денари, пет од 100 американски долари, четири од 200 евра и една од 5.000 денари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.