Црна хроника
Уништен насад со марихуана кај Горна Матка
Припадници на Министерството за внатрешни работи во присуство на надлежниот јавен обвинител во сабота претпладне уништија насад на марихуана во реонот на Горна Матка
Министерството за внатрешни работи информираше денеска дека од насадот информираат од МВР, биле искорнати околу 200 стебла марихуана чија бруто тежина изнесува меѓу 200 и 300 килограми.Сувата материја, која се употребува од наркозависниците тежи околу 40 килограми, а истата на домашниот наркопазар, достигнува цена од 1.200 евра по килограм. Растенијата се пренесени на дополнително вештачење од страна на експерти од Одделот за крим-техника.Насадот бил откриен по претходно добиени сознанија од пред околу еден месец, во атарот на скопското село Горна Матка, на 400 метри оддалеченост од манастирот „Света Богородица“. Садниците се наоѓале на непристапен и добро затскриен предел на површина од околу половина декар. За одгледување на марихуаната, како што информираат од МВР, биле направени и посебни канали по кои биле наводнувани стеблата, што јасно укажува дека не станува збор за див, туку за плански насад. Највисоките стебла, кои според првичните претпоставки биле засадени годинава на почетокот на месец април, достигнале висина од преку три метри, додека најниските биле високи околу еден метар. Според првичните анализи растенијата се уште не биле во фаза на цветање, но и во оваа фаза од развојот истите можат да бидат употребени од наркозависниците.Од самото откривање насадот бил под надзор на припадници на Единицата за недозволена трговија со наркотици, но во претходниот период на местото на кое се наоѓа не се појавијавиле лицето или лицата кои го засадиле. Покрај растенијата, од самото место денеска биле подигнати и кантички за носење вода кои дополнително ќе се вештачат заради обезбедување траги кои би довеле до утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело „недозволено производство, трговија и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанции и прекурсори“.Во првите шест месеци од годинава, Единицата за борба против недозволената трговија со дрога и оружје при Одделот за организиран криминал од областа на недозволената трговија со дрога откри седум дела, при што одзеде 540 килограми и 684 грама марихуана, 81 килограм и 766 грама хероин и 260 семки од растението “канабис сатива“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.