Црна хроника
А каде се во моментов неисправните 5100 ракети од Хрватска ?
Покрај корупциско – финансиска,неисправните ракети од Хрватска отвораат и безбедносна афера
„Ѓуро Ѓаковиќ “ од Славонски брод е фирма позната за сите досегашни гарнитури во македонското Министерство за одбрана. МВР деновиве ќе ги обелодени резултати од истрагата за набавка на стари ракети од оваа фирма од Хрватска, кои биле платени како нови за време на воениот конфликт во 2001 година, кога прв човек на ова министерство беше Владо Бучковски. Од МВР информираат дека во соработка со Интерпол се обезбедуваат докази по што за осомничените ќе бидат поднесени кривични пријави. Најскандалозно во целиот случај е што од Министерството за одбрана доаѓаат информации дека не знаат каде се во моментов ракетите како и спорните повеќецевни фрлачи за ракети ВБР со калибар 128. За 5.100 ракети Македонија платила два милиона евра преку фирмата „Еконет“ од Кочани која сега е избришана од Централниот регистер или го има сменето името. Но, исто колку што е тешка финансиската страна на овој старо – нов корупциски случај, уште посериозно е прашањето каде се наоѓаат складирани, дали можеби се продадени или воопшто и не биле донесени во Македонија ? Ракетите се платени во времето на воениот конфликт 2001 а наводно биле траспортирани по завршувањето на воените операции 2002 година.Простата математика говори дека ракетите носат над 12 тони експлозив или во маса заедно со телото на ракетата, над 150 тони екплозивна маса која доколку несоодветно се чува или изгуби од контрола може да уништи цел еден град како Куманово или Прилеп.Кој ги купи неупотребливите хрватски ракети?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Благајничка во „Комуналец“ Кавадарци украла над 500.000 денари, парите за платени сметки си ги ставала в џеб
Полицијата поднесе кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци за „проневера во службата” и „затајување”.
Полицијата, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”.
Според информациите од МВР, пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието.
Имено, дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои и биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарска сметка на претпријатието, односно дел задржувала за себе, а останатиот дел го внесувала на сметката и на тој начин што го оштетила јавното претпријатие за наведената сума.
Црна хроника
Полицаец од Скопје крадел бакарни кабли од плац на поранешна фабрика
Полицаец доби 30-дневен притвор за кражба на бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје.
Според информациите на МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Пријавениот, во повеќе наврати во периодот од 05.01.2025 до 07.05.2025 во претходен меѓусебен договор и со заедничко дејствување со три лица од Скопје, противправно одзеле туѓи подвижни предмети бакарни кабли – јавни инсталации кои содржат бакар од објекти на Акционерско друштво од Скопје, сместени во кругот на поранешна фабрика од Скопје.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против Н.А. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место – суспензија.
Црна хроника
Жена тврди дека поранешниот партнер ја натерал да земе кредити за него, а потоа не ги плаќал ратите и ѝ се заканувал, полицијата во Охрид постапува
Во Охрид, полицијата спровела службен разговор со 40-годишен маж од Гевгелија, по пријава на неговата поранешна 47-годишна партнерка, која тврди дека тој се однесувал агресивно кон неа и ѝ упатувал закани.
Жената во пријавата навела и дека поранешниот партнер ја измамил, убедувајќи ја да земе кредити на нејзино име за него, а потоа одбивал да ги плаќа ратите.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава против мажот.

