Црна хроника
Десетина полицајци од „Табановце“ земале поткупи
Во рамки на акцијата „Бумеранг“ преземена од припадницте на Министерството за внатрешни работи, приведени дваесеттина вработени во полициската станица за гранична контрола „Табановце“. Тие се сомничат за барање и примање поткуп, како и за неизвршување на службена должност
Од МВР информираат дека од почетокот на годинава заради постоење индиции дека на организиран начин се вршат коруптивни кривични дела на граничниот премин „Табановце“, Министерството започна со координирани активности односно со реализација на оперативната обработка „Бумеранг“.Во седуммесечната акција идентификувани се две организирани криминални групи составени од припадници на МВР вработени во полициска станица за гранична контрола на „Табановце.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.