Црна хроника
И група со генералот Методи Стамболиски вплеткан во хеликоптерската несреќа кај Блаце
Армискиот МИ – 17 се вратил расипан од ремонт во Словачка
Не може да се утврди каде е застаната постапката за случајот со хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 војници на АРМ. По извештајот на комисијата на Владата, последна е информацијата дека на барањете на Јавното обвинителство за 100.000 евра за вештачење во странство за причините за несреќата, Владата одобрила само 60.000. Инаку, во текот на постапката во континуитет се појавуваа нови докази поради што и не се знае каково вештачење ќе се бара од засега непозната странска агенција. Семејствата на загинатите војници беа примени од преставници на сите парламентарни групи како и од Претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов со барање и Парламентот и Претседателот да се заложат за утврдување на причините и виновниците за несреќата. Последни официјални извори од истрагата утвдиле дека во целиот случај е вплеткана и група околу генералот Методи Стамболиски кој во 2004 година беше началник на Генералштабот на АРМ. Како што е познато Методи Стамболиски е еден од судените во аферата „ тенковски делови “ во која заедно со Владо Бучковски и двајца поранешни високи функционери од Министерството за одбрана се осудени на по 3, 5 години затвор односно 3 години затвор. По нивната жалба се очекува решението на Апелациониот суд Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Запленети повеќе од 40.000 пиротехнички средства на Бит-пазар
На 09.12.2024, по претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, лишени се од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. Кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички средства, пари, околу 40 килограми тутун и поголема количина цигари без бандероли.
Кај С.Н. (48) од Скопје пронајдени се 14.942 парчиња пиротехнички средства и пари. Лицата се лишени од слобода и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 ст.7 од КЗ. Исто така, при преглед на импровизирана тезга пронајдени се околу 14.000 пиротехнички средства.
Црна хроника
Тешко повреден возач, со возилото излетал од патот Тетово – Гостивар
На 09.12.2024 во 15.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Тетово – Гостивар, кај надвозникот за с.Пирок, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(24) од Тетово, излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид бил извршен.
Црна хроника
МВР со детали за пожарот во Визбегово: опожарени четири товарни возила
Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на фирма на ул.„Качанички пат“ во Скопје, чиј што управител е А.И.(47) од с.Брест, скопско, биле опожарени четири товарни возила, сопственост на фирмата.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирани дека целосно биле опожарени товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со приколка, товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка, додека делумно било опожарено товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки со приколка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.